Жени, девојки и Родови права

Заштита за ранливите

На секоја страна на светот има жени и девојки кои се злоставувани, запоставени и заборавени. Ним им се одземени основните човекови права и тие често се соочуваат со физички, ментални и емоционални трауми од насилство. АДРА ја препознава посебната ранливост на жените и девојките и бара начини да им излезе во пресрет на нивните потреби преку проекти со таа цел.

Нашите програми се базирани на заедницата и го вклучуваат целото семејство, така што нашите напори можат да бидат поефикасни во одржливо подобрување на знаењето и менување на однесувањето. АДРА ги смета родовите права и поддршката на жените за интервенција која треба да биде опфатена во сите наши програми.