Нашето влијание

Нашата работа допира до милиони животи во повеќе од 130 земји и низ 9 важни области на влијание . Вредната мрежа на АДРА од околу 6,000 луѓе активно имплементира решенија соодветни за секој конкретен регион, за позитивна и одржлива промена каде и да е потребна.

 

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Се залагаме за интеграција на маргинализираната популација во општеството, како и за унапредување на постоечката инфраструктура.

ПОМОШ ПРИ КАТАСТРОФИ

Се вклучуваме со итна помош, како и со долгорочна поддршка за опоравување и развој во областите кои се најмногу погодени.

ЕКОНОМСКИ МОЖНОСТИ

Промовираме економски можности и напредок преку обуки за стекнување на стручни вештини, пристап до пазарот, сигурни кредитни линии, и едукација за управување со приходите.

ДЕЦА

Обезбедуваме заштита за ранливите деца преку исхрана, сигурна околина и програми за поддршка на образованието.

ЖЕНИ, ДЕВОЈКИ И РОДОВИ ПРАВА

Ги оспособуваме жените, девојките и членовите на нивните семејства преку едукација, обуки и овозможување на начини да ги издржуваат нивните семејства.

ЗДРАВЈЕ

Ги менуваме однесувањата поврзани со здравјето, го подобруваме квалитетот на здравствените ресурси и овозможуваме пристап до здравствени услуги.

ЧИСТА ВОДА

Обезбедуваме пристап до вода за пиење, хигиенски санитарни објекти и ги едуцираме семејствата и заедниците за хигиенските практики кои се од витално значење за добро здравје.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ХРАНА

Работиме со заедниците за да го амалиме ризикот од глад преку одржливи методи за обезбедување на храна, спречувајќи погрешна исхрана и дистрибуирање на храна во време на криза.

ЖИВОТНИ И ЗЕМЈОДЕЛИЕ

Овозможуваме долгорочна безбедност повзана со храната и приходите преку одржливи земјоделски практики, управување со добиток и подобрувања во фундаменталната инфраструктура.