Обезбедување на храна

Храна за нивната иднина

Речиси 1 милијарда деца, жени и мажи во светот денес се гладни. Тие се жртви на природни катастрофи и климатски промени, невработени кои живеат во урбани гета, фармери кои немаат своја земја и нудат да обработуваат туѓа, вдовици од војни, и сирачиња како резултат на СИДА.

Со години наназад, АДРА имплементира иницијативи за безбедност на храна низ Централна и Јужна Америка, Африка, Источна Европа и Азија. Нашиот глобален АДРА тим работи со луѓе од сите возрасти за да им покаже нови начини за производство на храна за во иднна – вклучувајќи и одржливи земјоделски практики и употреба на нови технологии, како што се системите за наводнување и оранжериите, како да пристапат на пазарот и да ја зголемат размената, и воедно да ја заштитат нивната околина преку управување со земјиштето и повторно пошумување.