Историја

Повеќе од триесет години, АДРА посветено работи со различни заедници ширум светот, со цел да се подобри квалитетот на живот во истите.

АДРА е основана во 1956 година од страна на Адвентистичката црква. Пред организацијата да го добие името Аdventist Development and Relief Agency (АДРА) во 1984, нејзиниот назив беше два пати променет. Првично наречена Адвентистичка служба за социјална заштита, во 1973 година оваа организација го смени името во Светски сервис на Адвентистите на Седмиот ден.

Иако на почетокот го менуваше својот назив, АДРА ги задржа своте основни принципи на дејствување непроменети. Во 1958 година, Адвентистичката служба за социјална заштита испрати пакети за помош на 22 земји, со вкупна вредност од $485,000. Четири години подоцна, бројот на земји на кои им беше пратена помош се зголеми на 29, со вкупна вредност на пратките од $2.3 милиони. Во овој период, помош добија земји во Јужна Америка и на Блискиот Исток, како загрозени подрачја на кои се случија големи катастрофи.

Во текот на 1970-тите, АДРА почна да ја проширува својата мисија која сега опфаќаше сфери од помош при катастрофи до проекти за долгорочен развој на ранливите заедници. Од почетната бројка од околу 600 лица вклучени во пружање помош на меѓународно ниво, ние ги проширивме нашите програми и тоа: градење здравствени клиники во некои делови на Африка, помош на жртвите од ураган во Централна Америка, настава за хигиена и здравје на деца во Азија, и поддршка при едукација на жени и девојчиња.

Во 1997 година, АДРА добива статус на Генерален советник од страна на Обединетите нации, што претставува највисок статус доделен на една невладина организација. Ова ни овозможи учество во меѓународната заедница во многу пошироки размери.

НОВА ДЕЦЕНИЈА, ИСТА МИСИЈА

Денес, АДРА е една од водечките хуманитарни организации. Оваа организација активно работи во повеќе од 130 земји, каде се вклучени околу 6.000 вработени и волонтери. Иако нашите канцеларии често пати се многу оддалечени една од друга, ние работиме заедно како една целина со една единствена крајна цел – позитивна трансформација во светот.

Нашите тимови секојдневно активно работате во насока на изнаоѓање на нови начини да обезбедиме храна за гладните и вода на жедните, да им го покажеме патот  на изгубените. Како што се зголемуваат потребите и предизвиците, така и ние се стремиме да ја оствариме нашата мисија како одраз на Божјата љубов, преку хумани дела на љубезност.