Како можам да волонтирам за АДРА?

На меѓународно ниво, се потпираме на вештините и услугите на локалните волонтери за имплементација на нашите програми. Волонтерите играат клучна улога во помагањето да допреме до заедниците на кои им е потребна помош. Отворените позиции за волонтирање се различни во секоја канцеларија на АДРА. Доколку сакате да волонтирате за АДРА Македонија контактирајте нѐ на: adra.mkd@gmail.com

 

Како се финансира АДРА?

Во 2013 година трошоците на програмите на АДРА достигнаа 137 милиони долари. Овие средства беа собрани преку придонес од хумани индивидуи како вас, корпорации, фондации и други ентитети. Исто така добиваме финансиски средства и продукти од владини и меѓувладини организации како што се УСАИД и Обединетите нации.

 

Со што се занимава АДРА?

Преку нејзината меѓународна мрежа, АДРА обезбедува помош и поддршка за развој на поединци во повеќе од 130 земји – без разлика на нивната етничка припадност, политичка определба или религија. Преку остварување партнерства со заедници, организации и власти, АДРА овозможува подобрување на квалитетот на животот на милиони луѓе преку 9 области на влијание.

Прочитај повеќе за нашето влијание.

 

Што се крие зад името АДРА?

Адвентистичката агенција за помош и развој (Adventist Development and Relief Agency – ADRA) е глобална хуманитарна организација на Црквата на адвентистите на седмиот ден. Основана во 1956 година како Добротворна служба на адвентистите на седмиот ден, и преименувана во АДРА во 1984 година, агенцијата има долга и успешна историја на обезбедување хуманитарна помош и на имплементирање развојни иницијативи.

Прочитај повеќе за нашата историја.