Помош при катастрофи

Помош кога е најпотребна

Обезбедување на помош при катастрофи и олеснување на условите на заедниците кои се соочуваат со нив е еден од најсилните аспекти од работата на АДРА. Глобалното присуство на организацијата и можноста да се вклучи активно со средства за помош овозможува да се реагира веднаш штом ќе се појави потреба.

Финансиските средства, материјалите и човечките ресурси се координираат од страна на локалните претставништва на АДРА кои се наоѓаат најблизу до местото каде што се случила катастрофата, со цел плановите да се активираат што е можно побргу и потребната помош да се насочи во областите кои се најмногу погодени од таа катастрофа.