Партнерства

Во 2013 година, АДРА со своите поддржувачи и партнери од целиот свет успеа да помогне и да влијае на повеќе од 21,7 милиони луѓе.

ПАРТНЕРСТВА ЗА ПОБЕДА

Во основа, мисијата на АДРА се темели на длабоко уверyвање дека преку зајакнување на партнерства со други организации може да се направат позитивни промени во животот на оние кои се изложени на страдања и живот во сиромаштија.

Ние се залагаме за креирање на стабилни односи со локалните заедници и организации, се со цел да можеме преку нашата работа директно да влијаеме на оние на кои им е најпотребна нашата помош. Исто така, ние градиме и се потпираме на непроценливите партнерства со владини и невладини партнери на сите нивоа, со цел да се поттикнат трајни промени во државите во кои сме активни.

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Децении наназад, АДРА одржува стабилно партнерство со канцелариите на Обединетите нации. Преку поддршка на различни иницијативи на ОН и спроведување на програми на терен, АДРА и ОН работат заедно со цел да се задоволат потребите на оние кои живеат во најсиромашните делови во светот. Како активни членови во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации (ECOSOC), учествуваме во дискусиите за пронаоѓање иновативни решенија и одржлив развој.

Низ годините минати во работа, АДРА создаде партнерства со Светската програма за храна, УНХЦР, СЗО, УНИЦЕФ и други организации на ОН. Заедно со нив, само во текот на 2013 година,  помогнавме на 1.964.085 луѓе од целиот свет.

ПАРТНЕРСТВА СО ВЛАДИНИ АГЕНЦИИ

Како организација, АДРА создава партнерства со јавни организации кои имаат важна улога во исполнувањето на нашата мисија. Со здружување со владини агенции за помош и хуманитарни организации ширум светот, АДРА ги проширува можностите за нови достигнувања и го продлабочува својот капацитет.

Партнерствата кои ги создава оваа хуманитарна организациа се во насока на обезбедување помош при итни случаи и развој на проекти кои опфаќаат различни земји и сектори. Оваа интернационална организација добива поддршка од Канцеларијата на САД за поддршка на странски држави при катастрофи (OFDA) и Агенцијата на САД за меѓународен развој – Храна за мир (USAID FFP).

Со континуирана поддршка од партнерите, АДРА успешно обезбедува помош и поддршка за сите оние кои живеат во сиромаштија и се изложени на страдања. Со одговорно дејствување, нашите посветени тимови на волонтери успешно создаваат реални промени во многу општества.

ПОСВЕТЕНИ НА ОДГОВОРНОСТ

Во АДРА, ние сме секогаш посветени на спроведување на високи стандарди на транспарентност и финансиска одговорност при работењето и креирањето на нашите програми. Годишните и финансиските извештаи на АДРА Интернационал се лесно достапни, со што се овозможува преглед на влијанието на нашата мрежа во глобални рамки.