Креирање на здрави заедници

Здравјето е во коренот на голем дел од проблемите поврзани со сиромаштија и страдање ширум светот. Смртоносните болести како што се СИДА-та и маларијата се апсолутно катастрофални во многу аспекти, оставајќи родители без деца, како и сирачиња кои мораат да водат грижа за себе.

АДРА работи со мажи, жени и деца преку одржливи здравствени интервенции кои се засновани на докази, насочени кон семејството, и кои се позитивни за целата заедница. Нашиот пристап е на ниво на заедница со цел да им излеземе во пресрет на посебните потреби на членовите на заедницата преку подобрување на однесувањата поврзани со здравјето, градење на капацитети на здравствени професионалци и здравствени установи, и подобрување на квалитетот на здравствените средства. Над ова ниво на заедница, АДРА работи на зајакнување на здравствените системи преку давање поддршка на установи и медицински работници на национално ниво, за да го подобри квалитетот на здравствените услуги..