Чиста вода

Водата не би требало да убива

Водата е основна човекова потреба, а сепак 780 милиони луѓе низ светот немаат пристап до чиста вода за пиење. Често водата која е достапна е контаминирана и ги заразува луѓето со болести кои се виновни за 1.5 милиони смртни случаи годишно. Децата се најранливи: 90% од смртните случаи поврзани со вакви болести се деца помлади од 5 години.

АДРА се бори против овие услови веќе 30 години, преку инсталирање на филтри кои ја чистат контаминираната вода, копање бунари, и инсталирање на водоводни цевки таму каде што има вода а е непристапна. Иницијативите на АДРА исто така ги едуцираат заедниците за хигиената како и за смртоносната опасност која ја носат болестите кои се пренесуваат преку вода.