Тие се нашата иднина

Децата се најранлива категорија кога станува збор за потешкотиите кои ги носи животот во сиромаштија. Пресметките покажуваат дека во текот на изминатата година, 6.6 милиони деца ги загубиле своите животи пред да наполнат 5 години. Многу често, животните услови на децата кои живеат во сиромаштија не им овозможуваат правилна исхрана, чиста и сигурна околина, и основно образование.

АДРА води дополнителни програми за хранење со цел да им помогне на овие деца да израснат во здрави и цврсти луѓе. АДРА исто така овозможува безбедост и рехабилитација за децата кои се жртви на запоставување и насилство во многуте прифатилишта каде работат лекари, медицински сестри, психолози и социјални работници. Дополнително, АДРА води иницијативи за едукација за да им помогне на децата да пораснат и да станат продуктивни членови на општеството, прекинувајќи го циклусот на сиромаштија преку отварање на свет полн со можности и иднина полна со надеж за успех.