Животни и земјоделие

Садење на семиња за иднината

Повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со помалку од 1 долар дневно, а на 800 милиони луѓе им се потребни долгорочни решенија за храна. Циклусот на сиромаштијата е силен и многу региони во светот ќе дојдат на работ на криза за храна ако наскоро не им се дадат алатки за да обезбедат храна за себе.

Некои од најголемите начини на АДРА за справување со гладта и сиромаштијата доаѓаат во мали пакувања. Кокошки, кози или јагниња од банки за животни, како и семиња и обука за земјоделие, играат голема улога во нашите програми за намалување на ризиците од катастрофи и можат да обезбедат успешна прехрана која може да трае со генерации.

Жените најмногу ги чувствуваат ефектите од влегувањето на пазар кој претходно бил затворен за нив, обезбедувајќи пристојни примања и самостојност за нив и нивните деца.