Социјална правда

Веќе не постојат туѓинци

Овој свет е полн со туѓинци – тоа не се само луѓе кои ние не ги познаваме, туку поединци кои се одбиени од општеството. Војните предизвикуваат раселување на деца и семејства, оставајќи ги без нивните домови, работни места, па дури и без нивната држава. Оние кои се соочуваат со инвалидитет често пати се игнорирани од општеството или пак се третирани со презир само затоа што се различни.

АДРА ги руши овие бариери на предрасуди преку обуки во рамките на заедницата и преку промовирање на инклузивни политики за социјална правда. Ние допираме до ранливите општества ширум целиот свет, помагајќи им да соберат сила за да ги вратат своите животи во нормала. АДРА му помага на овој ранлив сегмент на општеството преку снабдување на средства за итна помош, поддршка, и можности за едукација за бегалците и внатрешно раселените деца.