Ванчо Трајковски

Директор на АДРА Македонија

Г-дин Трајковски има долгогодишно искуство со проекти и активности во доменот на АДРА, на позиции Проект координатор и Директор. Од 2004 година до денеска, тој активно учествува во разни проекти од хуманитарен карактер, несебично помагајќи им на сите оние на кои им е најпотребно. Како лидер на тимот на АДРА Македонија, од 2014 година посветено работи во сферата на развој на АДРА во Македонија, секојдневно споделувајќи ги своите искуства и знаења со сите вработени и волонтери.