АДРА (Adventist Development and Relief Agency International) е независна хуманитарна организација основана во 1984 година од Црквата на адвентистите на седмиот ден, за специфични потреби на луѓето и општеството – поконкретно за развој и помош при несреќи. Делувајќи во повеќе од 120 земји, АДРА е една од најефикасните агенции за помош која работи со административни трошоци од околу 10%, а им помага на повеќе од 15 милиони луѓе годишно со помош во вредост поголема од 105 милиони долари. Пред неколку години АДРА почна да делува и на подрачјето на Р.Македонија, отварајќи своја канцеларија во Скопје. Најпрво, препознавме потреба да го разубавиме секојдневието на дечињата со посебни потреби сместени во соодветни центри низ цела Македонија, истовремено обезбедувајќи конкретна помош и за цели семејства кои живеат во многу скромни, незавидни услови. Во оваа насока секоја година АДРА дели пакети со храна, облека и средства за хигиена, но и донира и помага при реновирање на дотраени живеалишта.

АДРА (Adventist Development and Relief Agency ) е глобална хуманитарна организација од Црквата на адвентистите на седмиот ден која ја демонстрира Господовата љубов и милост.

ADRA работи со луѓе во сиромаштија и невојла да креира вистинска и позитивна промени преку зајакнување на партнерства и одговорна акција

ADRA е професионална, ефикасна мрежа која отелотворува интегритет и транспарентност. ADRA прескокнува низ граници засилувајќи и зборејќи за луѓето во ризик и заборавените за да постигнат мерливи, документирани и одржливи промени во животите и општеството.

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност и
Информации за медиуми

ГАЛЕРИИ

Слики и видеа

КОНТАКТИРАЈ НЕ

АДРА Контакт информации