АДРА со акција за собирање облека и мебел во Штип



Во рамките на проектот за рециклирање на облека и други производи од текстил, АДРА Македонија организираше акција со која ги поттикна граѓаните на Штип да донираат текстилни производи. Бевме среќни што наидовме на поддршка од локалното население, со што нашата акција за собирање на облека во Штип беше успешно реализирана.

“Облеката и мебелот кој на штипјани повеќе не им треба, денес го донираа на хуманитарен пункт поставен од страна на хуманитарната организација АДРА. – Има собрано облека, мебел, како и храна за да се помогне на загрозените семејства, кажа Ратко Ристевски, хуманитарна организација АДРА. Сите оние, кои денес тоа не можеле да го сторат, шанса да донираат ќе имаат во наредниот период. -Ќе имаме постојано штандови, но овде на плоштадот има и контејнер во кој граѓаните можат да ја донираат облеката, изјави Ристевски. Инаку, овој пример оваа организација го зела од соседните земји и го спроведува веќе неколку години.” Телевизија Стар – Штип (14 Септ., 2016)

Повеќе детали тука.